БОМБА ОД БРИСЕЛ – КАЈ ШТО ЌЕ СТАПНЕ ГРУЈО ТРЕВА НЕ НИКНУВА, ЖИВА ХОДЕЧА КОЛЕТАРАЛНА ШТЕТА : Започната процедурата за исклучување на партијата на Орбан ,,Фидес” од ЕПН поради диктатурата која ја спроведува во Унгарија но и поради заштитата врз бегалецот Груевски

0
1342

Дванаесет национални партии што се членки на Европската народна партија официјално побараа исклучување на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан и неговата партија Фидес.

– Дванаесет партии од ЕПП од девет држави побараа исклучување или отстранување на Фидес, изјави лидерот на партијата Жозеф Доул.

Тој нагласи дека прашањето ќе биде разгледано на средба на 20 март. ЕНП е најголемата партија во Европскиот парламент и во неа се сите десничарски партии во Еврпа меѓу кои и  ЦДУ на Ангела Меркел.

Унгарскиот премиер вчера рече дека тие кои бараат исфрлање на партијата Фидес од ЕПП во Европскиот парламент се „корисни идиоти“ и дека служат на интересите на неистомисленици од редовите на левиот центар.