БОМБА ОД АВСТРАЛИСКАТА ПОЛИЦИЈА: Владиката Петар бил уапсен за кражба и за лажно сведочење!

0
1381

Австралиската полиција за новинската агенција Мета потврди дека минатата недела во Мелбурн го уапсила и испрашала надлежниот митрополит на австралиско-новозеландската епархија владиката Петар во рамки на истрага за кражба и лажно сведочење.

„Полицијата во Викторија уапси и испраша 70-годишен човек од Каролајн Спрингс во рамки на истрагата за кражба и лажно сведочење. Тој е ослободен и се чека продолжување на истрагата“, соопшти полицијата во Викторија“, одговориле на прашањето на Мета, дали владиката Петар бил уапсен и по која основа.

Владиката Петар, минатата недела демантираше дека полицијата во Мелбурн го уапсила, велејќи дека бил на сослушување по претходно добиена покана. Тој истакна дека веста за неговото апсење е лага и конструкција зад која стојат струмичкиот владика Наум и игуменот Гаврил против кого се води црковно­канонска судска постапка за расчинување.

policija-petar-so-meta

Извор: Мета