БОМБА ОДЕКНА ДЕНЕСКА ВО СУДНИЦА НА ПРОЦЕСОТ ТВРДИНА: Освен од зградата на МВР, се прислушкувало од три локации во Скопје – канцеларии спроти гимназија ЈБТ, во зграда кај Нова Желесничка и кај воен базен во Аеродром!

0
1096

До системот за прислушување во УБК, „Најс“, можело да се пристапува од неколку локации надвор од кругот на МВР, раскажа инженерот Сашо Трајковски, вработен во УБК, на денешното судско рочиште за „Таргет-Тврдина“.

–За „Најс“ системот знам дека имаше посебно одделение во некогашниот Аеро клуб спроти гимназијата Јосип Броз Тито во Центар каде по насоки на началникот Горан Грујевски беа инсталирани работни станици. Тоа е единствен случај за кој знам дека се пристапувало надвор од кругот на министерството. Дури во текот на 2016 година кога бев префрлен со канцеларија кај аеродромот во Петровец разбрав од колега дека имало стан кај железничка станица од каде се пристапувало и наводно кога колеги од МВР кои доаѓале таму го зафаќале паркингот па станарите се бунеле – раскажа Трајковски.

 Покрај овие локации, тој рече дека и во просторија кај базенот во Аеродром биле инсталирани комјутери кои наводно служеле само за маркирање.

– Имаше и план наводно да се пристспува до системот за следење и од објект во Пештани, некогашната полициска станица, но не знам дали тоа се реализирало, рече сведокот.