БОМБА: НЕКОЈ ОД ВМРОВСКИТЕ КОПИЛИЊА ЌЕ ОДИ ВО ЗАТВОР ЗА ИСУШЕНИТЕ АФРИЧКИ ПАЛМИ ОД 500.000 ЕВРА!

0
3737

Oсновното јавно обвинителството за гонење на организиран криминал истражува кој и зошто одлучил да се набават африканските палми засадени во време на претходната владејачка гарнитура, а кои не преживеаја зимата и се уништија. Иницијатива потекнала од пензионер од Скопје кој, со помош на институцијата Народен правобраниел, побарал да се истражи: дали постои злоупотреба на службената должност во повеќе институции и од повеќе лица во набавката на палмите, кои, пак, се покажаа неадекватни за македонските климатски услови, пишува порталот „Правосудство“.

Пензионерот пресметал дека само со набавка на палмите, Буџетот на Република Македонија е оштетен за близу 500.000 евра, а дека не се открило колку пари дополнително се потрошени за заштита на палмите.

По неколку инервенции од канцеларијата на Омбудсманот, кој се интересирал до каде е поднесената иницијатива на граѓанинот којшто поднел претставка до нив пред речиси осум месеци, уште на втори овој месец, Народниот правобранител Иџет Мемети добил писмено известување од Обвинителството. Во него, надлежниот обвинител Маја Конеска го известува омбудсманот дека барањето е процесуирано и во моментов се врши увид во доставените докази, а со цел да се донесе мериторна јавно-обвинителска одлука.