БОМБА НА ЈАНКО БУРЕК: Аналитичарите кои ги гледавте во мојата емисија со години беа платени од ВМРО-ДПМНЕ по 300 евра од гостување за да ве манипулираат во корист на партијата!!!

0
1983

Во колумна на порталот Нетпрес, Јанко Бурек открива дека аналитичарите кои гостуваа кај него во емисија со години биле платени од ВМРО ДПМНЕ или од Сител по 300е од емисија!

Тој сега се жали дека нема пари ниту неговата телевизија ниту ВМРО ДПМНЕ да ги плати па затоа тие сега не идат кај него во емисија.

Еве го тој дел од колумната:

Многумина лани беа некако разочарнаи зошто не канам аналитичари – професори фаци кои се бават со анализа на политичката состојбата кај нас. Да, малку ги имав кај мене во емисија, ама тие што беа имаа гостувања кои беа суво злато вредни без оглед на ставовите и страната која ја застапуваа. И сите беа почестени да гостуваат што отворено ми го рекоа и тоа искрен и под две децении емисија Јади Бурек ми импонира. Искрено им благодарам за тоа. Не дека не сакав да викнам и други, ги канев многумина, и замолував, и упорен бев, но морам и ова да ви го кажам.

Многу од тие ваши омилени „какалитичари“ кои го кажуваат она што ви гали уфцето ваше мило, го кажува така намерно за да одговара на медиумот на кој гостува, а не дека навистина така мисли. Тие не дојдоа кај мене само затоа што не можам да ги платам. Имено, нивните настапи кои ги гледате и коментирате они си ги наплаќаат или директно од медиумот или од партијата 100 до 300 евра, зависно од партија и медиум. Не им замерувам ним, нивно право и тоа е ОК. Проблем сте вие на кои ви треба некој ТВ евангелиста да ви кажува што и како и тоа го прави, не затоа што го мисли туку оти е платен за тоа, а вие се палите – и бањати и небањати. Како и да е мило ми е што и покрај се’, емисијата и натаму е ултра популарна иако не е ликвидна и не комерцијална, оти многумина искрено се плашат да се рекламираат, страв им е, ништо друго.

Морам да бидам искрен, како никогаш во мојата кариера, оваа 2018 ќе ја паметам по слободата која ми беше дадена за мое изразување, да правам онака како јас сакам и мислам без никакви простисоци. Во некои поранешни телевизии притисокот знаеше да биде и политички и од матерјална корист кои други ја правеле преку мене, но сега го немам тоа и јас се чувствувам комонтно како ретко кога.”