БОМБА НА ФОКУС: Мицковски сака да се пазари со Заев за амнестија на Груевци!

0
2206

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Дали шефот на опозицијата подготвува алиби за поддршка на референдумското изјаснување, по чиј позитивен резултат, неговите пратеници наводно ќе немаат избор и ќе ја потврдат волјата на граѓаните со уставни промени? И каква е цената за таквиот однос на Мицкоски? Пазар за слобода на Фамилијата и нови избори?

ВЛАСТА И ОПОЗИЦИЈАТА СО СВОИ ПРЕСМЕТКИ
Мицкоски побара предвремени избори, но не веднаш, туку заедно со претседателските в година. Според СДСМ, сите опции се отворени, ама сега не ни требаат избори, туку решавање на крупните прашања. А токму од разврската на спорот за името и од исходот на евентуалниот референдум, ќе зависи дали ќе има предвремени избори                                           

БРАНКО АЗЕСКИ: ТОТАЛНАТА ПАРТИЗАЦИЈА ЌЕ НÈ ОСАКАТУВА И СЛЕДНИТЕ 30 ГОДИНИ
Досега ниедна политичка елита не смогна сила јасно да каже каде сме и кои се нашите перспективи. А ние сме мала земја без големи потенцијали, со проблематична структура на бизнисот која остана од Југославија. Во просек имаме раст на БДП кој не може да гарантира никакво приближување на Македонија кон евроатлантските земји, вели Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија во интервју за „Фокус“

БИЗНИС СО МЕДИЦИНСКИ ОТПАД
„Еко клуб“ од Битола, една од петте фирми која се занимава со медицински отпад, чиј сопственик е бизнисменот Сашо Јанакиевски, истовремено и почесен конзул на Унгарија, последните шест години добила 90 тендери од повеќето болници во градовите низ Македонија, како и од државните институции

ВАВИЛОНСКИ КУЛИ
Патот од тоа да се биде на врвот на Вавилонската кула до тоа да се биде една обична нула е многу краток. Впрочем, краток е и патот од тоа да се биде богат чичко кому сите сакаат да му бидат роднини и наследници до тоа да се биде сметан за курвин син кого никој не го признава за свое чедо

Колумнисти:

Стојан АНДОВ
Премиерот е во специфична ситуација. Тој наследи државна администрација која и служеше на поранешната партија на власт. Но, таквите проблеми треба да се расчистат и не можат да се разрешат преку ангажирање бројни советници и координатори

Денко МАЛЕСКИ
Мицкоски очигледно политиката ја сфаќа како борба на живот и смрт, па на своите синови им порачува, со него или без него (?) да продолжат гордо да чекорат низ животот и да ја сакаат својата втора мајка – Македонија. Зошто без него? Дали затоа што во нашата демократија кршењето глави е нешто на што секој политичар мора да смета?

Ана ПАНОВСКА
Евентуалното потпишување на договор за името со Грција ќе било потпишување КАПИТУЛАЦИЈА! Е, ако, де! Ќе капитулираме, ќе плаќаме репарации, потоа ќе нè помагаат повторно да се накренеме, ама како држава пак ќе си опстанеме; Северна, Горна, ама наша Македонија

Ерол РИЗАОВ
Каква бомба би експлодирала премиерот Заев да го замоли Прибе да биде главен координатор со посебни овластувања над министерските за спроведување на реформите кои ги изготви самиот со својот тим. Тоа би била добра вест, под услов Прибе да прифати, што е малку веројатно, но зошто да не се направи обид?

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Се одржа митинг заради митинг и толку! Да сум на местото на СДСМ, јас сесрдно би го поддржувал опстојувањето на Мицкоски на функцијата претседател на ДПМНЕ, зошто додека тој е претседател, СДСМ и Заев можат мирно да спијат и да уживаат во својот неочекуван и зимски политички сон

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Во состојба на битно намалена пресметливост, најкорумпираната и најарамиска политичка партија во историјата на самостојна Македонија одржа протест пред Владата контра сегашната власт, со обвинување дека таа им ги урнала темелите што ги изградил нивниот режим врз кои една деценија опстојувал