БОМБА НА ФОКУС: Грчкиот милијардер Иван Савидис поврзан со две тутунски компании од Македонија!

0
1487

А НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Ќе продолжи ли Мицкоски да дејствува како „тврдокорен“ или како европеец, како пион на фамилијата или како лидер на демократска партија, е негова одлука. Но, државата не смее да биде заложник на таквите фрустрации. Во првиот случај ќе ја доживее судбината на Груевски, изолацијата де, кога единствено Орбан го есапеше за лидер

НЕМА ВЕЌЕ ЗАПИРАЊЕ НА ПАТОТ КОН НАТО И ЕУ
Тоа е пикадо. И така се игра. 5 стрелички во центарот на метата! Тоа се случува кога се знае и кога се може, а пред сѐ, и кога се сака нешто добро за земјата да се направи. Договор со Бугарија, Договор со Грција за името, почеток на пристапни преговори со ЕУ, покана за НАТО и… подобрена меѓународна позиција и углед на Македонија

РУСКИ ПАРИ ЗА НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ДОГОВОРОТ ЗА ИМЕТО
ОЦЦРП објави дека рускиот бизнисмен со грчко потекло Иван Савидис, дал најмалку 300.000 долари на македонски политичари, националистички организации и на навивачки групи за да го саботира договорот за името. Според информации на „Фокус“, надлежни институции во земјава испитуваат дали Савидис е поврзан со две компании со странски капитал што дејствуваат во тутунскиот сектор во Македонија

РАДМИЛА ШЕКЕРИНСКА: ИМАШЕ НЕПРИСТОЈНИ ПОНУДИ ОД ВМРО-ДПМНЕ, БЕЗ РЕФЕРЕНДУМ ДА ГИ ИЗГЛАСАМЕ УСТАВНИТЕ ПРОМЕНИ
Вице-премиерката беше дел од македонската делегација која на самитот на НАТО минатата недела во Брисел ја доби поканата за членство на Македонија во Алијансата. Поканата и прославата на овој чин предизвикаа отпор и негирање кај опозицијата, а состојбата е дополнително отежната со неизвесноста околу одржување на референдумот поради блокадата на ВМРО-ДПМНЕ на екипирањето на Државната изборна комисија. Со Шекеринска разговаравме пред најавените лидерски средби по кои треба да има разврска

„ТЕНК“ ЌЕ ЗАСТАРИ ПРЕД ГРУЕВСКИ ДА БИДЕ ОСУДЕН!?
Дали работата на СЈО ќе падне во вода, а главниот „актер“ ќе куртули од затвор? Ова прашање се поставува откако е очигледно дека постои реална можност екс премиерот Груевски да се спаси за два од пет предмети, во кои е кривично гонет

НА КЛИНИКИТЕ КАКО НА ДИВИОТ ЗАПАД
Последните месеци се случиле неколку инциденти на скопските клиники во кои жртви биле лекарите. Пациентка нападнала лекарка во поодмината бременост, потоа пациент ги држел како заложници вработените на скопската Клиника за хематологија и им се заканувал дека ќе ги убие со нож. Два инциденти имало и на Клиниката за пулмологија, а бил претепан и лекар на скопска Психијатрија

АСИМЕТРИЧНА КОМПАРАЦИЈА
Како што ќе се загрева атмосферата околу референдумот, ќе гледаме доста примери за асиметрична компарација. Најдраматични ќе бидат компарациите кога ќе се истакнуваат бенефитите од влегувањето во НАТО, и ќе се споредуваат, не со бенефитите од невлегувањето, туку со штетите од невлегувањето

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Никој не прашува како ќе одлучи народ кој со децении, да не речам со столетија, е изложен на една отровна националистичка пропаганда смислена да му ја дразни националната гордост со цел некој да дојде или да остане на власт. Исто е и со грчката страна, со таа разлика што тие, исправно, решија да не одат на референдум

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Да се биде патриот денес, не е само голо колнење во себе, татковината и историјата! Да се биде патриот денес значи да се препознае иднината… Не сум сигурен за нацијата во целина, но јас лично дефинитивно сум уморен од лажни патриоти, мртви херои и од непрепознаена иднина, тоа политичко слепило, кое од секогаш било извор на македонските црнила

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Од осамостојувањето до денес, Службата систематски и перманентно ја разјадуваат и ја расипуваат „гнили јаболка“ одбирани и одгледувани од партиите на власт за да им бидат сервис во апашлукот и разнебитувањето на државата