БОМБА НА ФАТИМЕ ФЕТАИ: НА ОРЦЕ КАМЧЕВ МУ ГО ВРАТИВМЕ ПАСОШОТ НЕ ЗАТОА ШТО КАТИЦА ЗЕМАЛА ПОТКУП, ТУКУ ПОРАДИ ОДЛУКАТА НА ВРХОВЕН СУД!

0
3775

– Сите заедно во СЈО се консултиравме и одлучивме на Орце Камчев да му се врати пасошот за да оди на бизнис состанок во странство за да обезбеди пари за своите фирми.

Ако тоа не се случеше неговите фирми ќе пропаднеа и ќе се направеше штета од десетици милиони евра. Ако случајот ИМПЕРИЈА по некоја случајност падне на суд, особено по одлуката на Врховен Суд со кој се оспорува нашето право да покренеме обвинение за случајот ИМПЕРИЈА, тогаш државата ќе требаше да ја покрие таа евентуална штета и не сакавме да го оштетуваме буџетот со толкава голема сума на пари.

Ние како обвинители мораме да водиме ред и за економичноста на постапките и за евентуалната штета врз државата од нашите одлуки. Да не донесеше Врховен Суд таква одлука со која се оспорува нашето право да поднесуваме обвиненија, тогаш Орце веројатно немаше ниту пасош да добие ниту пак да излезе од притвор. Врховните судии го спасија на некој начин затоа што во ИМПЕРИЈА се осомничени и судии, па сега тие се штитат самите себе.

Ова го кажа Фатиме Фетаи пред неколку месеци во емисијата ПЕЧАТ НА НЕДЕЛАТА на 1 ТВ.