БОМБА НА ТВ 24: СОПСТВЕНИКОТ НА МАКОИЛ МИТЕ ЈОВАНОВСКИ САКА ДА ЈА КУПИ ГРАДСКАТА КУЌА

0
1761

Градската куќа на продажба бизнисмените први кои пројавија интерес. Сопственикот на зградата „Макотекс “ и на компанијата „Макоил“, Мите Јовановски меѓу првите кои пројавија интерес за барокната зграда.

Јовановски за ТВ 24 вели дека до сега не постоела понуда на маса за зградата „Макотекс “ од страна на градоначалникот Петре Шилегов за евентуална компензација со Градската куќа, но вели не е исклучена секоја варијанта. Иако во јавноста се шпекулира дека зградата „ Макотекс“ ќе треба да се компензира со Градската куќа, сопственикот такво нешто негира но е подготвен да ја отспаи зградата за добра понуда.

Дека зградата „Макотекс“ била предмет на серија безуспешни договори зборува и сопственикот Јовановски. Тој вели и со претходниот градоначалник се разговарало за евентуална компензација но истата идеја пропаднала. Па така сегашниот градоначалник Петре Шилегов пред извесен период се пофали дека ќе ја откупи зградата „Макотекс“ и дека ќе ја урне за да ја прошири улицата „Даме Груев“ во булевар, па од тука се отвора дилемата во јавноста дали ваквите најавија на Шилегов навестуваат евентуална компензација со бизнисменот Јовановски.

Го прашавме и него, тој потврди дека до сега имале само еден разговор со Шилегов но дека се уште начелно ништо не е договорено.

На продажбата на Градската куќа жестоко реагираше опозицијата со обвинување дека Шилегов веќе намирисал бизнис интереси, тој пак негираше било какви бизниси врзани за Градската куќа. Инаку, според информациите на ТВ24 проценетата сума на зградата „Макотекс“ изнесува нешто над 7 милиони евра додека на Градската куќа почетната цена изнесува 12,7 милиони евра. Барокната зграда останува во интересот на бизнисмените. Дали Јовановски ќе успее да се спогоди со градоначалникот Шилегов останува јавноста да дознае.

Видео од изјавата на Мите Макоил, овде.