БОМБА на СЈО: Катица го презема случајот „Шпион“

0
948

Претставник од Специјалното јавно обвинителство, на денешното рочиште на Апелацискиот суд на кој се разгледуваше жалбата на осудените во случајот „Шпион“, рече дека предметот во своја надлежност го презема СЈО, пренесува „Нова ТВ“.

Во случајот „Шпион“ се обвинети 19 луѓе, меѓу кои првообвинет е поранешниот разузнавач Марјан Ефремов, кој е осуден на 15 години затвор за шпионажа затоа што, според обвинението, прибирал информации за странски тајни служби.

Затворски казни, со првостепенета пресуда, добија и поранешниот директор на дирекцијата за спречување на перење пари, Ване Цветанов, поранешниот полициски генерал Горан Стојков, двајца разузнавачи активни во времето на акцијата „Шпион“, Марјан Маџовски, поранешен шеф на кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељановски, и Александар Диневски, поранешен вработен во службата за контраразузнавање кој во доцните 1980-ти беше еден од иницијаторите за реформи во службата. Тој доби затворска казна од четири и пол години.