Националните парламенти на Италија и на Велика Британија денеска го ратификуваа Протоколот за зачленување на РС Македонија во НАТО.
Информациите за двата настана ги соошти на социјалните мрежи министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.
,, Убав ден! И Велика Британија штотуку ја заврши националната процедура за ратификување на нашиот НАТО Протокол! Благодариме! 🇲🇰🇬🇧 “- објави Шекеринска.
Според ова, за да заврши целата процедура и РС Македонија конечно да стане рамноправна членка на НАТО, останува уште 4 земји да го ратификуваат овој протокол.
Македонија може да стане 30 членка на НАТО само ако сите 29 земји членки дадат зелено светло преку своите национални парламенти, што е извесно.
Останува само техничкиот проблем со Шпанија, која се’ уште нема формирано нова валда по предвремените парламентарни избори, но актуелниот премиер неодамна изјави дека има шанси и шпанскиот парламент до крајот на годината да се формира и да го ратификува протоколот за Македонија