БОМБА НА ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ : Банките да ги намалат каматите и провизиите и полесно да даваат кредити!

0
1361

Банките да преземат похрабри одлуки и да придонесат повеќе за поддршка на економијата и севкупниот развој, со тоа што ќе ги намалат каматите, провизиите и ќе бидат пофлексибилни во давањето кредити, повика денеска премиерот Зоран Заев.

„Силно го поздравивме последното намалување на референтната каматна стапка на 2,25 проценти, кое е историски најниско ниво и сето тоа ќе предизвика и мора да предизвика паѓање на каматните стапки во банките. Зашто верувам дека и бордовите и нивните надзорни одбори ќе смогнат малку попозитивни или похрабри аспекти во нивното одлучување за намалување на каматите, на потребата од пласирање на реално огромниот обем на слободнтие средства што ги имаат банките“, рече Заев од собраниската говорница.

Тој изрази уверување дека доколку органите на приватните банки малку повеќе го сменат курсот и бидат похрабри и поотпимистички во делот на своето одлучување, тогаш ќе дадат сериозен придонес во севкупниот економски развој, во подигнувањето на стандардот на граѓаните, но и на инвестициите.