БОМБА НА ПОРТПАРОЛОТ НА СДСМ, КОСТАДИНОВ : ДИМИТАР СТЕВАНАНЏИЈА ОД ВМРО-ДПМНЕ Е НЕПОТИСТОТ НА ГОДИНАТА, СИ ГИ ВРАБОТИЛ ЦЕЛА СВОЈА ФАМИЛИЈА ДО 20-ТО КОЛЕНО, ОД СОПРУГА, БРАТУЧЕДКА, ВУЈКО, ТЕТКА ДО КОЈ ЛИ УШТЕ НЕ!!!

0
1940

Прес конференција,
Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник
Скопје, 26.02.2019

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Се потврдува дека не се сите исти.

Од една страна СДСМ бара и нуди решенија против непотизам и партизација, се случија и повлекувања на роднини на функцинери од работни места, од морални и етички причини.

Од друга страна молк во ВМРО-ДПМНЕ. Молчат оние што го создадоа непотизмот низ годините наназад, кои ја наполнија администрацијата и создадоа партиски и роднински јазли.

ицкоски молчи, не го повика својот братучед да се повлече од работното место во ЕЛЕМ турс.

Не ги повика ниту снаата, вујкото, братучедот, братучедтката и зетот на Милошоски да се повлечат од работните места во администрацијата.

Молкот во скапоцениот дворец на ВМРО-ДПМНЕ мора да прекине.

Затоа што симболот на непотизмот е токму овде, од овој дворец извира се она што 11 години ја уништуваше нашата татковина и нашето општество.

Затоа што не се само Мицкоски и Милошоски примери за непотизам, има уште многу функционери на ВМРО-ДПМНЕ чии најблиски роднини за 11 години добиле работни места платени со пари на граѓаните.

Пратеникот Димитар Стевананџија од ВМРО-ДПМНЕ е уште еден пример во низата.

Речиси сите поблиски роднини на Стевананџија се вработтени во државни инситуции кои се финансираат од Буџетот, од парите на граѓаните.

– Сопругата на пратеникот Димитар Стевананџија, Јулија Стевананџија е вработена во здравствениот дом во Прилеп.

– Марија Адамческа, сестра на Стевананџија е вработена во Центарот за јавно здравје во Прилеп.

– Неговиот вујко, Јоска Матески, е вработен во Апелациониот суд во Битола.

– Тетката на Стевананџија, Соња Костоска, е вработена во Основниот суд во Прилеп.

– Неговата братучедка Емилија Матеска пак е вработена на Универзитетот Климент Охридски во Битола.

Ајде Мицкоски, не молчи , повикај против непотизам! Покажи дали имаш образ!

Тргни од себе Мицкоски, повикај да се повлечат твоите роднини.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Милошоски и Стевананџија нека ги повлечат своите роднини од државниот сектор.

Време е да почне повлекувањето на роднините на функционерите од ВМРО-ДПМНЕ, во име на борбата против непотизмот.