БОМБА НА ПОРТАЛОТ ЦЕНТАРЊУЗ : СИНОТ НА ПОГЛАВАРОТ РЕЏЕПИ – ВМЕШАН ВО ЛИКВИДАЦИЈА НА ЗИЈАДИН СЕЛА?!

0
3880

И синот на поглаварот Реџепи, дел од сценариото на 27 Април со задача да го ликфидира Зиадин Села!

Зеклул Реџепи е вработен како испектор во МВР, син на поглаварот на Исламската Верска Заедница (ИВЗ), Сулејман Реџепи. Зеклул Реџепи (Лулји) е контроверзна личност и позната за јавноста како човек од доверба за Сашо Мијалков и како најблизок соработник на Синиша Алексоски, Советник за Безбедност на Претседателот на Државата и поранешен челник на МВР.Минатото на Зеклул Реџепи (Лулји) е мрачно и со многу криминални дејаниа кои никогаш ги нема демантирано официјално. Тој бил човек од доверба на Мијалков уште од доаѓањето на власт на ВМРО ДПМНЕ и ДПА во далешната 2006. На Зеклул Реџепи (Лулји) секогаш му биле доверени ТОП СИКРЕТ задачи, како креатор или директен извршител на политички ликвидации почнувајќи од случајот Бродец, Харун Алиу до Кумановско Диво Населје и најновиот случај на 27 Април во Собрание.

Најновиот случај на 27 Април во Собрание е креиран и оперативно организиран дирекно од С.М. и С.А. со логистичка и оперативна поддршка од про-српски и про-руски центри на моќ и нивните служби. Во ова сценарио клучна улога била предвидена и за човекот од доверба Зеклул Реџепи (Лулји), на кого му била доверена специјална задача, оперативно да ја менаџира физичката ликвидација на Зијадин Села.

Тој со фантомка на главата, во Собрание влегол од гаражниот влез заедно со другиот дел од маскираната банда која е под контрола на С.А. а предводена од лицето А.В.-Н. познат на јавноста како водич на таа т.н. Криминална Банда од Автокоманда.

Извори од МВР кои од безбедносни причини сакаат да останат анонимни, тврдат дека токму Зеклул Реџепи (Лулји) му се прибилжил на Зиадин Села и му зборувал на албански јазик, за да го убеди дека тој е полицаец и е влезен таму за да му обезбеди безбедна евакуација на Села.

Откако го одвои од местото каде на снимките се гледа заедно со другите пратеници, Зеклул Реџепи (Лулји) го носел Зиадиин Села дирекно кон Маскираната криминална група на А.В. – Н, со намера да го реализира неговата мисија за физичка ликфидација на Села.

Кога веќе го оставиле обесфестен Села, они беа убедени дека веке го имат убиено Села и тогаш го оставиле во раце на другите протестанти за да изгубат трага. Како остана жив Села само Господ знае, а деталите за негово спасување и негова евакуација веке се познати на јавноста.

Апелираме до надлежните органи да посветат повеќе внимание на овој дел од сценариото, кој намерно или не е занемарен досега од медиумите и јавноста, имено и од истрагата:

– треба да се обеледени како падна Зијадин Села во раце на маскираните криминалци?

– кој беше мистериозниот човек кој му се обратил на Села на албански јазик и го намести да го однесе кон Маскираните криминалци во толпата?

– Која била улогата на Зеклул Реџепи (Лулји) ноќта на 27 Април? Како се најде „случајно“ во близина на Собранието вечерта кога почна да ги евакуират пратениците? Зошто инсистираше да ја присвои акцијата за спасување и евакуација на Зијадин Села истата вечер? Или пак нема ништо случајно, туку очајно откако видел дека Села не е мртов и му требаше да гради алиби за неговото присуство во Собранието ноќта на 27 Април.

Извор : ЦентарЊуз