БОМБА на порталот Тетова Сот: Груевски ги прифатил сите барања од „Албанската платформа“, се очекува коалиција со ДУИ вечерва!

0
2485

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ги прифати условите на Демократската унија за интеграција и „Албанската платформа“, објави порталот „TetovaSot“, кој важи близок до ДУИ.

Груевски ги прифатил сите барања на албанската страна, каде што меѓу нив вклучуваат официјализирање на албанскиот јазик како службен јазик во Македонија и неговата употреба во сите нивоа на администрацијата или поточно двојазичност на цела територија на државата.

По ова Македонија се очекува да ја добие новата влада со договорот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, пишува порталот.