БОМБА НА ПОРТАЛОТ МАКТЕЛ : Груевски му се заканил на Ахмети дека ако не направи влада со него веднаш ќе му нареди на Марко Зврлевски да отвори обвинение за аферата Телеком за него и за Муса Џафери и ќе ги реактивира хашките случаи за злосторствата на ОНА!!!

0
5707

Порталот Мактел успеа да дознае зошто е Али Ахмети решен да прави влада со Груевски по секоја цена!

Конечно дознавме со што му се закануваше Груевски јавно на ДУИ! Секако ова се непотврдени шпекулации кои ги добивме од политичката чаршија која сепак е добро информирана и има канали на информации внатре во ДУИ и ДПМНЕ.

Откако му понуди пакет со “моркови” за кој пишувавме вчера, Груевски во исто време му пратил и пакет со “стапови” за тоа што ќе го снајде раководството на ДУИ ако одбијат да коалицираат со ВМРО ДПМНЕ.

Дознаваме дека Груевски му се заканил на Ахмети дека веднаш ќе го активира Марко Зврлевски и сваровски судството и ќе ги активира аферите Телеком и хашките случаи со злосторствата на ОНА, а и во двете афер обвиниети се самиот Ахмети, Муса Џафери и уште неколку верни команданти и челници на ДУИ!

Да потсетиме, во Телеком, постои сомневање дека Ахмети и Џафери земале неколку милиони евра мито од Дојче Телеком пред 10 години, додека во случајот со злосторствата на ОНА има неколку сомневања дека ОНА стои зад малтретирањето на Мавровските работници, затворањето на вентилите Липковска Брана со што беше сопрена водата за жителите на Куманово, 12-те исчезнати цивили Македонци за кои уште не се знае каде се закопани.

Исто така дознаваме дека Груевски му се заканил на Ахмети со уште десетина судски процеси за тешки криминали на челници на ДУИ, пред се министри, градоначалници и блиски бизнисмени на ДУИ за милионски евра криминал за кој Груевски преку прислушкувањето имал собрано доволно докази кои стоеле во фиока кај Марко Зврлевски и служеле за заплашување и уценување на раководството на ДУИ.

Повеќе може да прочитате на следниот линк ОВДЕ