БОМБА НА ОЛД ТРАФОРД : Манчестер Јунајтед и Солскјаер пронајдоа одличен стопер за само 26 милиони фунти

0
1130

Неколку медиуми во Англија пренесуваат дека во летниот преоден рок во Манчестер Јунајтед ќе пристигне фудбалерот на Тотенхем, Тоби Алдервилд.

Не е тајна дека „ѓаволите“ се во потрага по нов стопер, но по последните најави дека нема да се расфрлаат со пари за да го донесат Кулибали, најочигледно решение е фудбалерот на Тотенхем.

Белгискиот репрезентативец кој има уште 1.5 година од одговорот со „петлите“ прифатил да си замине од клубот и кариерата најверојатно ќе ја продолжи на „Театарот на соништата“.

„Мирор“ пренесува дека Манчестер Јунајтед за 30 годишниот фудбалер ќе издвои сума од 26 милиони фунти која е прифатлива за Тотенхем со оглед на фактот што Алдервилд ќе остане без договор по крајот на следната сезона.