БОМБА НА НОВИНАРИТЕ ОД 360: ЕУ ќе изгласа старт на преговорите на 15-ти октомври, преговорите ќе ги почнеме со братска Хрватска која ќе преседава со ЕУ на почетокот на 2020-та!!!

0
1500

Советот за општи работи на Европската унија на 15-ти октомври во Луксембург ќе решава дали да одобри почеток на преговори за членство со Северна Македонија. Земјите-членки тоа го најавија во јунските заклучоци на советот, што сепак не значи позитивна одлука во октомври по автоматизам. Дилемите пред октомври се речиси исти како и пред јуни, известува „360 Степени“.

Работите се сепак најјасни со одлуката што треба да ја донесе германскиот парламент за да и овозможи на владата на Меркел да се согласи, на ниво на ЕУ, со почеток на преговори со земјава. На интернет-страницата на Бундестагот веќе е јавно достапен дневниот ред за следното пленарно заседание. Точката за Македонија и за Албанија е планирана за 26-ти септември навечер. Оставени се 45 минути за дебата, од која не се очекуваат изненадувања, барем не за земјава. Според сите изјави што деновиве доаѓаа од Берлин, мнозинството во германскиот парламент е „за“ отворање пристапни преговори со Македонија.

Франција беше највоздржана во јуни. И во пресрет на октомври нема јасна изјава од Елисејската палата што ќе биде сигнал дека Емануал Макрон конечно донел одлука, но по минатонеделната посета на шефот на дипломатијата Никола Димитров на Париз се чини дека резервите таму, пред се, се за Албанија, бидејќи некои земји-членки, по секоја цена, инсистираат на одлука за преговори за двете земји во пакет. Ова го потврдува и францускиот експерт за Балканот, Лоик Трегурес.

Скопје има поголеми шанси од Тирана и како и минатиот јуни, поентата е дали земјите-членки ќе прифатат да ги одвојат С. Македонија и Албанија. Прашањето секогаш е исто – ако се направи избор за одвојување, тогаш Скопје ќе има шанса. Исто така, зависи и од тоа како ќе се справи со скандалот „Рекет“ во наредните денови и недели. Она што сакам да го додадам е дека други членки на ЕУ се тивки за ова прашање (почеток на преговори), но зад затворени врати и велат на Франција: добро е што сте на првата линија, бидејќи не сакаме да сме толку истурени, но добро е што вие се држите. Значи, не е Франција против 26 членки туку Франција, можеби и Холандија, но и некои држави кои сега се тивки, размислуваат на ист начин, но тоа не го истакнуваат јавно, вели Трегурес.

Холандскиот министер за надворешни работи, Стеф Блок, уште во јуни доби „зелено светло“ од парламентот во Хаг да може да поддржи одлука за преговори со Македонија, но не и со Албанија. И тогаш, а и сега, едно од главните прашања преку кои Холандија го проценува досието за земјава е континуитетот на Специјалното јавно обвинителство. Се очекува холандскиот парламент повторно да дискутира за Македонија и за Албанија пред октомврискиот советот на ЕУ, а дилемата што се наметнува е дали за Хаг е доволно тоа што е обезбеден континуитет на предметите на СЈО, со нивното преземање од редовното обвинителство, или сепак се инсистира на основање обвинителство за гонење висока корупција. Поставивме вакво прашање до Амбасадата на Холандија во Скопје, еве го одговорот:

„Внимателно го следиме процесот. Одлуките треба да ги донесат засегнатите страни во Република Северна Македонија. Ги очекуваме резултатите од овој процес.“

И покрај сите дилеми, за најизвесно се смета сценариото, според кое, Советот за општи работи на ЕУ на 15-ти октомври ќе донесе одлука за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и ќе одреди дека првата меѓувладина конференција или де факто стартот на преговорите, ќе се случи за време на хрватското претседателство – во првите шест месеци од идната година.

„Овој пат, како и претходно, влогот е кредибилитетот на ЕУ. Знаеме дека изгледаше неверојатно ова прашање да биде одложено и минатиот јуни, па сепак се случи. Но, сега ми се чини дека многу услови се исполнија – изјавите на канцеларката Меркел дадени во повеќе наврати, па и она што го зборува претседателот Макрон кој беше против одлука, сега оди во прилог на тоа дека одлука ќе биде донесена“, вели новинарот Душан Гајиќ.

КУРТ БАСУЕНЕР (DEMOCRATIZATION POLICY COUNCIL) „Ако аргументот беше дека треба конечно да најдете заедничко решение со Грција, а тоа го сторивте и потоа седите „под налетот на ветрот“ повеќе од една година, тогаш тоа им помага на оние кои велат дека ЕУ не е сериозна. Тука не станува збор само за Русите, туку и за други, меѓу кои и многумина во вашата земја и таквата ситуација им помага во тврдењата, бидејќи изгледа како да е вистина“, вели Курт Басуенер од Democratization Policy Council.

Дали во заклучоците ќе има прецизен датум за првата меѓувладина конференција со Македонија, или ќе остане референца дека тоа ќе се случи во текот на хрватското претседателство, во овој момент нема информација. Советот на ЕУ, најверојатно, ќе донесе одлука за старт на преговори и со Албанија, но одржувањето на првата меѓувладина конференција со соседната земја ќе го услови со исполнување на серија задачи. За Македонија, такви услови не би имало.

Видео на „360 Степени“ на следниот линк.