БОМБА на НОВА, пропагандата фатена како ЛАЖЕ: Груевски заедно со мајка му Нада, сопругата и децата си тера одмор на Сицилија!

0
2261

Никола Груевски е на одмор со семејството во Сицилија, Италија. Со враќа утре со летот од Рим во шест попладне, но негова дестинација не е Скопје туку Софија. НОВАТВ во соработка со колегите од мрежата на новинари (ОCCRP) дојде до авионските резервации на поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кои покажуваат дека тој веќе пет дена е во градот Катанија на островот Сицилија, објави порталот.

catania

Авионските билети покажуваат дека Груевски со сопругата Боркица, мајката Нада и двете ќерки на први јули во 8 часот прво слетал во градот Бари во Италија. Оттаму не е познато како стасува до Рим од каде што оди за Сицилија. Утре во шест попладне Груевски од аеродромот во Рим ја напушта Италија и вечерта слетува во Софија. Ова се само резервации и останува можноста картите да се променат.

Откако на социјалните мрежи се појави фотографија од Груевски како шета во продавница на луксузен бренд на аеродромот во Рим,  партијата писмено соопшти дека тој е на свадба во Италија кај личен пријател.

Целата сторија може да ја прочитате ОВДЕ