БОМБА НА НАРОДЕН ГЛАС : ВЕЛИЈА РАМКОВСКИ ЈА ВРАЌА А1 НА ТВ ЕКРАНИТЕ

0
3422

По девет години од згacнувањето на телевизија А1ТВ чиј сопственик беше Велија Рамковски, таа наскоро повторно ќе се отвори, дознава „Скопје 1“, пренесува „Лидер“.

Позади телевизијата ќе стои повторно истиот сопственик, а според неофицијални информации, во реобновувањето на А1 ТВ ќе учествуваат и други лица. Информацијата засега не е официјално потврдена.

Првиот сигнал А1 телевизија го доби на 20 јануари 1993 година, а национална концесија доби во 1997 година. По повеќе од 18 години телевизијата престана да емитува програма на 30 јули 2011 година поради одлука на Агенцијата за електронски комуникации. Директорот на АЕК донесе решение на кое се повикува по член 62 став 1 алинеја 4 од Законот за радиодифузна дејност, бидејќи компанијата А1- телевизија ДОООЕЛ- Скопје имала отворено стечajна постапка.