(ВИДЕО) БОМБА СО РАЗОРНА МОЌ НА МИНИСТЕРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ, ОЛИВЕР СПАСОВСКИ : МВР ја затвори најголемата фабрика за дрога во Европа, во Тетово!

0
4101

Предмет: Соопштение

Почитувани,

Сакам да ве информирам дека Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и  Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за за гонење на организиран криминал и корупција со заеднички истражен тим од Р.Србија и во координирани активности со ДЕА (Служба за борба против дрога на САД) спроведе меѓународно криминалистичко истражување со цел сузбивање на организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со производство и продажба на дрога. Крајната дестинација е Република Турција.

При акцијата спроведена на подрачјето на Тетово откриена е нелегална лабораторија за производство на синтетичка дрога и од  слобода се лишени шест  лица, државјани на Р.Македонија и Р.Србија.

По наредба на надлежното обвинителство од страна на припадници на нашиот ОСОСК извршени се претреси на две локации во Тетово и пет локации во Скопје. Она што во оваа фаза на активностите можам јавно да го споделам е дека се откриени досега најголеми количини на синтетичка дрога на просторот на Балканот, а доколку првичните проценки излезат точни – веројатно ќе биде и една од поголемите заплени на синтетички дроги во меѓународни рамки.

Имено, во лабараторијата, откриена на локација (односно куќа) во Тетово според првичните сознанија откриени се над 125 килограми синтетичка дрога или по некои првични проценки станува збор за минимум 500.000 таблети синтетичка дрога чија што вредност ја надминува бројката од 2,5 милиони евра.

Но бидејќи активностите се уште се во тек очекуваме дека бројките ќе бидат поголеми. Во секој случај Министерството за внатрешни работи наредниве денови, ќе ја информира јавноста со сите нови релевантни информации околу оваа акција, вклучително и околу кривичното процесуирање на инвилвираните лица.

Ќе ми дозволите да им се заблагодарам на тимовите кои учествуваа во оваа заедничка акција и да се заблагодарам на нашите партнери преку кои ја остваруваме нашата определба за борба против нелегалната трговија на дрога и сузбивање на сите облици на криминал.