БОМБА НА МАКФАКС: Се појави крунски доказ дека „Кунико“ го планирал стечајот на „Фени“!

0
1218

По веста пред 6 месеци дека поранешниот сопственик на „Фени“ – „Кунико ресурсис“ (Cunico Resources) тужи 9 фирми и 4 физички лица за заговор со кој им е одземен „Фени“, „Макфакс“ дојде до документ презентиран во судот во Холандија, кој е крунски доказ дека „Кунико“ плански го одвел „Фени“ во стечај. Станува збор за финансиска анализа на „Кунико ресурсис“ подготвена од менаџерскиот тим на „Кунико“ на 13 јуни 2017 година, а наменета за Собранието на акционерите. Во анализата јасно стои дека без финансиска помош од акционерите, за „Фени“ банкротот е неизбежен. Во документот пишува дека поради неплаќање на долговите, веќе во јули 2017 се очекува доверителите да почнат стечајна постапка.

„’Кунико груп’ ќе го остави ‘Фени’ и други делови на Групацијата без финансиска помош. Во овој случај ‘Фени’ ќе има акумулирано критична маса на достасани долгови до јули 2017 година. Нашата процена е дека секој обид да се реструктуира компанијата и да се направат договори за отплата нема да бидат успешни без финансиска поддршка од акционерите од ‘Кунико’ и поради тоа не може да се покаже разумна перспектива за компанијата. Поради тоа, повеќе од јасно е дека некој од кредиторите ќе поведе стечајна постапка или тоа само треба да го направи менаџментот на “Фени’“, се наведува во анализата.

Линк до целата сторија, ОВДЕ.