БОМБА НА ЛИБЕРТАС: Пукна тиквата во ВМРО, Груевски се скарал со претседателите на 6 ограноци: Ахмети и ДУИ ми се полојални од вас!

0
2207

Викендот не поминал толку идилично за ВМРО-ДПМНЕ, како што се обидуваа да го престават владините мегафони. „Либертас“ дознава дека викендот на ВМРО- бил особено тензичен за претседателот на партијата Никола Груевски.

Поради неизвесноста која владее кај кадрите на оваа партија дека ќе ги изгубат изборите од една страна, но и поради стравот дека можат да бидат на „списокот на СЈО“, во ВМРО-ДПМНЕ како ретко до сега се бара место повеќе во кандидатските листи, за да се обезбеди пратенички имунитет. Во трката за пратенички имунитет, преку сигурно место на пратеничките листи, се вклучиле и 6 претседатели на ограноци.

Тие вршеле притисок по секоја цена да се најдат на листите за кандидати, дури ставајќи му до знаење на Груевски дека можат да откажат лојалност на централата, ако не се остварат нивните барања.

„Либертас“ дознава дека поради оваа, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски бил толку нервозен, и во врвот на расправијата му се обратил на еден од нив, со зборовите дека полојална му е ДУИ и Али Ахмети, отколку тој и неговиот огранок.