БОМБА НА ЛИБЕРТАС: Порталот откри каква драма се одвивала во клубот на пратеници ноќта на изборот на специјалниот обвинител!

0
955

bejli-grueski

Како течел изборот и како Груевски и Заев дошле до името на Катица Јанева за специјален обвинител? Според доброупатени извори во последните три часа, од 5 наутро до 8, предлози за специјален обвинител давале Груевски и Заев.

Прв предлог на премиерот бил актуелниот Скопски обвинител за организиран криминал, баџанакот на Мијалков, Јован Илиевски. Предлогот веднаш го одбиле сите.

Втор предлог на Груевски била обвинителката од Монструм, Гордана Гешковска. По ова, според нашиот извор, нервозно реагирал американскиот амбасадор Бејли и му се обратил на премиерот: Доволно е, нема зошто повеќе да предлагате.

Заев прв го предложил професорот Гордан Калајџиев но и овој предлог бил одбиен. Не поминал ни вториот ни третиот предлог на Заев, адвокатот Драган Малинковски и пензионираната судијка Виолета Дума.

Предлогот на Заев за специјален обвинител го прифатиле и Груевски и Заев и така Катица Јанева, обвинителката од Гевгелија, стана специјална обвинителка која има задача да ги истражи бомбите од прислушкувањата и обвинувањата од премиерот дека Заев го уценувал, таканаречениот случај Пуч.

И министерот Тодоров кој е дел од преговарачкиот тим на ВМРО ДПМНЕ добил црвен картон од олеснувачот Ван Хоуте. Белгиецот, според изворите на Либертас, изнервиран од сталните упади на Тодоров и некооперативност јавно кажал на негово место да делегираат друг и дека него не го сака повеќе на преговарачката маса.