БОМБА НА КОЅИЈАС, ЗАЕВ ПОТВРДИ: ДЕНЕСКА ЌЕ СЕ СЛУШНАТ ЗАЕВ И ЦИПРАС!

0
1302

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас по заминувањето од премиерскиот кабинет кусо потврди дека премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев денеска ќе се слушнат на телефон.

Во следните часови, според грчките медиуми ќе се оствари телефонскиот разговор меѓу Зоран Заев и Алексис Ципрас.

По средбата со Ципрас, што траеше околу час и половина, Коѕијас не сакаше да даде изјава за медиуми, но на новинарско прашање дали Ципрас и Заев ќе разговараат денеска, кусо рече:

– Ќе го направат тоа.

Toj додаде дека премиерите сами ќе соопштат што зборувале, пренесува „Иефимерида“.

Од македонската Влада за МИА претходно денеска изјавија дека во тек се консултацииа, а доколку дојде до разговор на премиерско ниво, јавноста веднаш ќе биде информирана.

Премиерот Зоран Заев денеска изрази надеж дека многу брзо ќе биде постигнато решение за спорот за името меѓу Македонија и Грција и оти тоа би можело да се случи пред Самитот на ЕУ закажан за 28 и 29 јуни.

Заев, денеска во Арачиново каде што беше означен почетокот на проектот за изградба на нова општинска зграда, истакна дека брзото решавање на спорот е врзано, како што кажа, со нашата желба да има решение пред Самитот на ЕУ и пред Советот на ЕУ закажан за 25 и 26 јуни, нагласувајќи дека деновите се броени.

Тој потенцира дека е битно да се постигне квалитетно решение кое што ќе биде правно поткрепено, достоинствено и ќе го зачува идентитетот, поради тоа што понатаму тоа решение треба да има и позитивен одѕив кај граѓаните на земјава кои за него треба на крај да се изјаснат на референдум.

Заев истакна дека постојано се одржува комуникација на сите нивоа во Владата во однос на прашањето за името и оти се разгледуваат различни стратегии за завршување на овој 25-годишен спор. Тој додаде дека веднаш откако ќе има телефонски разговор со грчкиот премиер Алексис Цирпас, ќе ја информира јавноста.

– Се работи за последните моменти во обидите да се приближиме околу ставовите и оти кога тоа ќе се случи заеднички ќе ја соопштиме среќната вест и за граѓаните на Република Македонија и за граѓаните на Република Грција – рече Заев.

Премиерот нагласи оти секако тоа би бил договор најпрво меѓу претседателите на двете влади, меѓу министрите за надворешни работи, а кога тоа ќе се случи веднаш ќе бидат информирани шефот на државата, шефот на опозицијата, другите политички лидери и граѓаните.

За името кое што ќе биде постигнато како можно решение не сакаше да шпекулира ниту сакаше да одговори на новинарско прашање дали Република Северна Македонија како најчесто споменувано во грчките медиуми е можната прифатлива опција.

Тој нагласи дека во Германија не заминува на средби со високи германски претставници кои би дале поттик за решавање на спорот. Заев рече дека прашањето се решава на ниво на билатерална комуникација меѓу Грција и Македонија, а дека поддршката што ја даваат ЕУ, САД и сите меѓународни чинители е мошне важна во целиот процес.

Заев појасни дека заминува во Франкфурт со министерот за здравство Венко Филипче каде што ќе работат на зајакнување на соработката меѓу македонското и германското здрвство, а следниот ден на 14 јуни заедно со министерот за финансии Драган Тевдовски ќе имаат средби со претставници на Дојче банк и 16 други компании заинтересирани за инвестиции во Македонија.

Министерот Димитров во истовреме заминува за Берлин, но Заев нагласи дека тие двајца Германија не ја посетуваат во рамки на процесот на преговорите за решавање на името.

Иако посетата на Германија веќе е најавена, можно е Заев да не оди поради важноста на процесот на преговорите и желбата да се најде решение за да се постигне договор.