БОМБА НА КАТИЦА ЈАНЕВА ВО СУДНИЦА: Судии не се плашете од Русковска, судете праведно, јас сум горда на СЈО и на мојата работа!

0
2663

Обвинетата Катица Јанева рече дека оди со крената глава и може секого да погледне во очи. – Јанева на денешното судење за „Рекет“ (Фото: К. Попов)

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева во воведните зборови како обвинета од „Рекет“ им кажа на судиите од судечкиот совет да не се плашат од „тресењето гаќи“ на обвинителката Вилма Русковска и побара од нив да судат без предрасуди. Обвинителката Русковска им се закани на апелационите судии дека ќе ги истресе од гаќи со финансиска истрага, откако на 19 ноември ја прифатија жалбата на Јанева и ја пуштија од затворот во Шутка во куќен притвор.

Јанева во воведните зборови се наврати на нејзиното работење во СЈО.

„Горда сум на формирањето на СЈО, на тимот кој го предводев четири години, на сите обвинители, истражители. Ја имав честа да формирам тим на обвинители и истражители. Секојпат сум била општествено одговорна“, рече Јанева и додаде дека оди со крената глава и може секого да погледне во очи.

Јанева кажа дека за четири години во СЈО направиле 171 предмет и сите во различна фаза се предадени на Јавното обвинителство. Очекуваа тие да имаат завршница.
„Одговорно тврдам дека како СЈО постапувала согласно закон и се што направила во СЈО ќе биде основа на изучување од следните генерации“, вели Јанева.

ИЗВОР: СДК.МК