БОМБА НА ЗАЕВ, СЕПАК ГО СЛУШНА ГЛАСОТ НА ЈАВНОСТА: Ќе се проверат сите вработувања, ако има протекции ќе бараме да се повлечат!

0
1203

Сите вработувања ќе бидат проверени кажа вечерва премиерот Заев пред почетокот на седницата на Извршниот одбор по критиките во јавноста дека во државните фирми се вработуваат блиски лица на функционери. За непотизмот се зборувало и на денешната владина седница.

„Ќе направиме конкретна анализа и проверка на оваа работа. Ќе ги видиме сите постапки како се направени. Во последната година имаме 40 илјади вработувања, доминантно во приватниот сектор, но голем и значаен дел се во јавните институции на испразнети места. Ќе ја направиме анализата, ќе ги видиме постапките и секаде каде што има привилегии, протекции или какво било влијание ќе бараме повлекување на таквите места, заради тоа што сакаме да испратиме порака дека сите во општеството дури и деца или кој било, не знам на некој функционер имаат шанса во оваа наша Македонија“ рече Заев.

Тој додаде дека  се работи за дваесет вработувања од 20 илјади, но и да станува збор за две вработувања треба да бидат транспаретни.

„ Не бегаме од одговорност. Ќе ја видиме секоја можност, како тоа е направено, дали имало компетитивност, кои се биле критериумите, како е завршено и ќе соопштиме на јавноста. Доколку има и ќе бараме секако одговорност“.

„Веројатно имаме и слабости во нашето функционирање и затоа реков дека ќе побараме одговорност ако е направено тоа на несоодветен, незаконски начин и секој треба да си ја понесе одговорноста. Не е само да се повлече или раскине договорот ако било прекршено одредено законско правило при оваа работа, туку и тој што го прекршил и самиот закон опишува како се одгавара за таква работа. Ќе ги соопштиме сите податоци, дадов насоки за анализа, да се извлечат од секоја поединечна иституција и потврдувам дека на јавноста и должиме одговори на овие прашања“ кажа Заев.

Бура од реакции предизвикаа вработувањата на ќерката на претседателот на Собранието Талат Џафери, синот и братот на пратеничката Мира Стојчевска, сестрата на министерот за култура Адеми, сестрата на министерот за економија Бектеши – сите во ЕЛЕМ или во МЕПСО.