БОМБА НА ЗАЕВ: Македонија и Грција не треба да имаат црвени линии во преговорите за името, тоа само ќе не закопа во рововска битка до бескрај!

0
1591

ДВ: Оптимизмот во двете земји веќе е подигнат на повисоко ниво, со надеж дека конечно ќе се стави крај на спорот. Сепак, која е нашата црвена линија што ќе ја одреди границата меѓу достоинствен компромис и она што може да ја урне таа можност?

– Оптимизмот е добар, и сакам да му дадеме шанса на тој бран што е забележлив од двете страни. За новиот конструктивен пристап во надворешната политика на Република Македонија, базиран на европските и евроатланските вредности, говорат средбите на нашиот министер за надворешни работи Димитров со неговиот колега Коцијас. На сите средби и од двете страни дојде уверување дека нема да престанеме во нашите обиди да ги отвориме перспективите и за двете држави.

И мојата немера како премиер, е да не престанам да ја убедувам официјална Грција да избереме светла призма, друг агол во погледот на ова прашање. Можеби како прво дека излезот од оваа ситуација не е во решението на победник и победен.

Црвени линии има и во Република Грција и во Република Македонија, но тоа помага само да останеме во своите ровови. Еве да речеме дека црвените линии се поставени, но зошто тоа да го запре процесот? Тој треба да тргне и треба да оди напред. Црвените линии да ги претвориме во осветлени патеки кои водат до решение прифатливо за граѓаните на двете земји.

Да оставиме разговорите, во духот на добра волја и политичка одговорност, да не доведат до решението.