БОМБА НА ЗАЕВ: Инвестиција од 20,4 милиони евра во реконструкција на системот на електростатски филтри на РЕК е најголема инвестиција за заштита на животната средина

0
1173

Инвестиција од 20,4 милиони евра во реконструкција на системот на електростатски филтри на РЕК е најголема инвестиција за заштита на животната средина.

Премиерот Заев во работната посета на РЕК Битола, заедно со директорот на АД ЕСМ, Драган Миновски и директорот на РЕК Битола, Васко Ковачевски информираа за набавката и инсталација на нови електростатски филтри. Со оваа модернизација повеќекратно ќе се намали издувот на прашина од 100 милиграми на помалку од 20 милиграми, што е европски стандард и ќе придонесе за поголема заштита на животната средина.