БОМБА НА ЗАЕВ : Законот за јазици ќе биде донесен пред локалните избори, а за тоа народот ќе не награди како влада!

0
2209

Zaev-zakonВладата ќе го донесе законот за јазиците пред локалните избори и со тоа нема да ги изгуби гласовите на граѓаните ниту од македонската, ниту од албанската етничка заедница, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

„Една работа е сигурна. Владата ќе го донесе законот пред локалните избори, а ако бидеме подготвени ќе биде усвоен и во Парламентот. Само следете не, ќе видите како ќе растат гласовите и на Македонците и на Албанците и на Турците и на Србите,… кон оваа владејачка коалиција“, истакна Заев, одговорајќи на новинарски прашања пред деловниот појадок со Сојузот на стопанските комори.

Законот за јазиците, рече Заев, веќе се подготвува во Министерството за правда и многу брзо се очекува да биде доставен до Владата од каде потоа ќе се процесуира до Венецијанската комисија и Парламентот.