БОМБА НА ЗАЕВ ВО БЕРЛИН: Дел од судиите што му служеа на Грујо сега се нудат да ми служат мене!

0
2508

Заев во Берлин го потвори она што го кажа и на брифингот со уредниците пред две недели, според она што го известува порталот СДК.

На дебатата за Македонија организирана од Фондацијата Фридрих Еберт од германските учесници му беше поставено прашањето: Како тој ќе ја спроведе судската реформа за да обезбеди независно судство, со оглед на тоа што дел од судиите му служеа на авторитарниот режим?

Заев одговори: „Дел од истите судии сега се обидуваат да бидат добри и со нас. Но, не е потребно да бидат такви, туку треба само да си работат и да си го следат законот“.