БОМБА НА ДОЈЧЕ ВЕЛЕ : ДУГИН И САВИН, РУСИТЕ КОИ СЕ ПОЈАВИЈА НА ДЕБАТАТА КАЈ ЈАНКО БАЧЕВ БИЛЕ ОБИЧНИ АНОНИМНИ РУСКИ ЛУДАЦИ И ИЗМАМНИЦИ КОИ НЕ ГО ПРЕТСТАВУВААТ НИТИ ПУТИН НИТИ КРЕМЉ!

0
2023

Претерување е Александар Дугин да се претставува како некаков идеолошки пратеник на Путин или на официјалната руска политика, објаснува новинарот на ДВ, Михаил Бушуев. Савин е непознат во Русија, вели тој.

Многу прашина се дигна во македонската јавност по неколкудневната посета на руските интелектуалци Александар Дугин и Леонид Савин во земјата. Особено Дугин, во дел од медиумите, беше најавен и претставен како „идеолог на Путин“ или на Кремљ.
Во Скопје и двајцата беа пречекани и нагостени од лидерот на тазе ребрендираната партија Единствена Македонија, Јанко Бачев. Во организација на партијата на Бачев се одржа и трибина во скопскиот хотел Континентал под наслов „Македонија во стратешки сојуз со Русија“. Домаќинот своите гости ги претстави како високи советници на рускиот претседател Владимир Путин. Самите гости, пак, се претставија како „народни пратеници“ и во неколку наврати повторуваа дека не се испратени од официјална Москва.

Во Скопје тие го претставија проектот на Евроазиската економска унија како подобра опција за Македонија од членството во ЕУ и НАТО, проценувајќи притоа дека „ЕУ се распаѓа“.