БОМБА НА ДИМКОВСКИ НА ТВ 24 : Целокупното производство на тутун од реколтата 2019-та ќе биде откупено

0
933

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски во вечерашната дебата на Телевизијата 24 порача дека целокупното производство на тутун од реколатата 2019-та.

Димковски потенцираше дека на денешниот состанок со тутунските откупни претпријатија се отвори прашањето за откупот на тутун и барањата на тутунопроизводителите. „ Од почетокот на откупот на тутун сме на терен, во комуникација сме со тутунопроизводителите и со тутунските откупни претпријатија. Она што беше укажано од страна на тутунопроизводителите дека има одредени линии кои не се исти како претходните во однос на класите.

На состанокот со тутунските претпријатија разговаравме за окупот, и договоривме дека сите што имаат над договореното производство ќе биде откупено истото, и целокупното производство на тутун од реколтата 2019-та ќе биде откупено“, изјави министерот Димковски. Досега се откупени над 20,4 милиони килограми во вредност од 4,5 милијарди денари. Од страна на откупните претпријатија исплатени се 4,2 милијарди денари.

Просечната откупна цена е 222,3 денари за килограм, што е највисока опткупна цена во последните шест години. Просечната откупна цена за тутунот од реколтата 2018-та беше 214,2 денари за килограм, а за реколта 2017-та беше 217,5 денари за килограм. Во овие три години, споредено со реколтите 2014 и 2015 година, ова се највисоките просечни откупни цени.

Според статистичките податоци, реколта 2014-та откупната цена била 117,2 денари за килограм, а 2015-та 185 денари за килограм. Со цел стимулирање на квалитетот, со новиот модел за зголемени субвенции што МЗШВ го воведе, субвенциите за прва класа тутун се 80 денари за килограм, 70 денари за втора класа, и 60 денари за трета класа и дополнителните класи.