БОМБА НА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: Во 2018 година се реализирани над 3.200 нови вработувања во јавното здравство

0
1729

Во постојана комуникација сме со синдикатите во областа на здравството, и продолжуваме со интензивна соработка во областите од интерес на здравствените работници.

На средбата со синдикатите од регионот истакнав дека во соработка со нашите синдикати овозможивме зголемување на платите на здравствените работници. Дополнително, овозможивме зголемување на надоместокот за прекувремена работа, дежурство и ноќен труд. Во 2018 година се реализирани над 3.200 нови вработувања во јавното здравство.

Со измената на Законот за здравствена заштита, од оваа година за првпат во нашата земја, секој млад лекар ќе добие шанса да се ангажира во системот на јавно здравство. Посветено работиме да креираме фер општество за сите млади луѓе.