БОМБА: Илче Халкидики и Антонио Милошовски ПЕС исфрлени од ВМРО ДПМНЕ!!!

0
5771

Пред денешното одржување на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на кој ќе се бира новиот Извршен комитет на партијата веќе е извесно дека во него нема да има место за некои од досегашните високи функционери, вклучувајќи ги и Илија Димовски и Антонио Милошоски, и двајцата координатори на две од десетте пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ.

Конечната одлука ќе се знае вечер, но, Димовски вели дека со нив никој ниту разговарал, ниту се консултирал.

„Не сме консултирани, ниту, пак, сме повикани на разговор. Не сме поканети ни на седницата на Централниот комитет. Едноставно нема комуникација со новиот претседател“, изјави Димовски за МКД.мк.

Новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој треба да ги предложи членовите на Извршниот комитет, деновиве, како што велат од партијата, имал консултации околу тоа кој да биде вклучен, а кој да биде изземен од најтесното партиско раководство. Неофицијално, според извори од партијата, во раководството нема да има место за повеќето од високите членови кои бараа одлагање на вонредниот партиски конгрес што се одржа во Валандово.

Димовски вели дека засега не може да ги коментира овие информации.

„Да почекаме да видиме што ќе се случи на вечерашниот Централен комитет. Неблагодарно е да се коментира предвреме“, додава Димовски.

Извор: mkd.mk