БОМБАСТИЧНА ИЗЈАВА НА КАТИЦА ЈАНЕВА ВО 1 ЧАСОТ ПО ПОЛНОЌ ПРЕД МВР : УБК врши опструкции и ја попречува истрагата на СЈО, ако треба ќе останиме и до први јануари АМА ДОКАЗИТЕ ЗА КОЈ ПРИСЛУШКУВАЛ ВО МАКЕДОНИЈА ЌЕ ГИ ДОБИЕМЕ!

0
6914

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева еден час по полноќ повторно даде изјава при што уште еднаш кажа дека Управата за безбедност и контраразузнавање не соработува и не сака да ги даде бараните податоци.

Поминаа 12 часа откако сме во УБК, тапкаме во место, дискутираме, дебитираме, уште сме на мртва точка. Ние нема да си одиме додека не постапиме по судските наредби, имаме целосна покриеност со дежурства, јас ќе бидат цела вечер тука, рече Јанева.

На прашање што бара директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков во УБК, Јанева рече:

Го прашав, рече дека можел да дојде зошто се грижел за полицајците што биле таму, потоа дојде и Оливер Андонов но тој не се ни поздрави. Ние сакаме да се постапи по судската наредба, рече Јанева.

Таа појасни дека од УБК убедувале дека не можело да се добијат податоците поради немање човечки и технички фактор, иако според неа тоа не е така.

-Неможно било од нивна страна, а ние знаеме дека може да го направат тоа и сме упорни. Ќе се спроведе , мора да се спроведе, за интерес на граѓаните на Република Македонија, ќе седиме во просториите додека не ги земаме сите податоци. Ние можеме да седиме и до први јануари, тоа е нашата работа, рече Јанева.