БОМБА НА СРПСКИ КУРИР, ГРУЕВСКИ ЈА ПРОДАДЕ МАКЕДОНИЈА, тајно преговара со Грците, ја продава Македонија за да остане на власт!

0
2030

gruevski 55

Во текст објавен синоќа насловен како „Незапамтен скандал, Груевски ја продава Македонија за да остане на власт“, српски Курир пишува – „поранешниот премиер на Македнија, Никола Груевски и лидер на ВМРО ДПМНЕ е подготвен да го продаде името на својата земја за да остане на власт“.

Иако се промовира како голем националист и патриот, тој минатата недела се сретна со министерот за надворешни работи на Грција при што интезивно се преговарало за наводно конечно решение на меѓудржавниот проблем кој трае две и пол децении, пишува српски „Курир“.

„Министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас минатата недела престојуваше во Скопје каде се сретна со Никола Груевски. Меѓу останатото двајцата преговарале и за промена на името на Македонија. Груевски ова се обидува да го искористи како последна карта и да се извлече“, наведува српски „Курир“ повикувајќи се на добро известен извор.

„Овие наводи не зачудуваат со оглед на тоа што и Викиликс објави документ од 2011 година во кој стои дека некогашниот премиер на Македонија, Груевски преговарал за промена на името на својата земја.

Инаку, Груевски е обвинет за корупција, збогатување на сметка на државата, гушење на слободата на медиумите и воспоставување на диктатура во Македонија“, пишува српски Курир.

На порталот е објавена и „бомбата“ на СДСМ за името.