ОБНОВЕНО : БОМБАРДИРАНО СЕДИШТЕТО НА ДУИ ВО МАЛА РЕЧИЦА, ДВАЈЦА НА МОТОР ФРЛИЛЕ ЕКСПЛОЗИВ ВО ДВОРОТ НА ДУИ!

0
1428

bomba-dui

Вечерва околу 21:30 часот во Мала Речица, каде што се наоѓа седиштето на ДУИ, се слушнала силна експлозија. Според неофицијални информации, станува збор за бомба. Жителите од соседството се вознемирени и излезни на улица.

Засега не е познато дали има повредени лица и оштетени објекти. Се очекуваат нови информации од теренот.

ОБНОВЕНО

Порталот TetovaSot порталот дознава дека две лица од мотор фрлиле експлозив во дворот на седиштето на ДУИ, каде што имало само еден чувар во штабот, кој не е повреден. Забележани се помали оштетувања на ѕидот на седиштето на ДУИ. По експлозијата, двајцата осомничени избегале.