Боки13-ка е СУПЕР ГЕНИЕ И МАСТЕРМАЈНД : Парите што ги земал во ,,Рекет” ги пуштил во оптек како легално стекнати

0
1219

Завршена е постапката за пописот на привремено одземените предмети од осомничениот Бојан Јовановски Боки 13-ка во случајот „Рекет“ што вчера ја правеше Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Согласно закон, одземените предмети по извршениот попис се чуваат во Агенцијата за управување со одземен имот до правосилност на пресудата за сега осомничениот Јовановски. Доколку обвинетиот се огласи за виновен, по правосилноста на пресудата одземените предмети со одлука на судот ќе бидат трајно одземени.

Од Обвинителство за Плусинфо додаваат дека за Јовановски од кого се одземени предметите, во моментов се води истрага и за кривично дело „Перење пари и други приноси од казниво дело“ по чл.273 ст.1 од Кривичниот законик, затоа што претходно примените парични средства од кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“ ги пуштил во оптек како легално стекнати пари.