Боки 13-ка барал да намлати од општина Охрид 3 милиони денари за измислени проекти

0
1217

Телевизијата 1 ТВ чиј сопственик е Бојан Јованоски барала од општина Охрид три милиони денари за услуги кои сакале да ги дадат на градот Охрид во 2019 година.

Ваквиот договор никогаш не се реализирал и не дошло до исплата, а најмногу кон тоа Охрид да се спаси од ова придонело тоа што во градот се одржаа предвремени избори за избор на нов градоначалник.

По изборите обидите да се постигне договор со општината продолжиле, но К. Г. категорично го одбил барањето на Бојан Јованоски, на кого овој пат директно му било кажано дека нема законска можност за такви милионски исплати за измислени проекти.

Во 2018 година на 1ТВ од касата на општината и биле исплатени 1.200.000 денари.

Извор: Скопје1