БОКИ 13 ВО ИНТЕРВЈУ ЗА ФАКТОР.МК : 1ТВ станува македонски CNN, турските серии ќе ги збришам!

0
1890

„Јас сум свесен за целиот медиумски пазар во Македонија. Каков е и што нуди и што не нудел во изминатиот период. Свесен сум за конкуренцијата, ако можам така да ја наречам, и велам дека ќе се потрудам таа конкуренција да ја натерам малку повеќе да работи поради тоа што сметам дека недоволно продуцираат сопствена програма, недоволно ги третираат нашите телевизиски дејци.

Сметам дека во изминатиов период можевме само да гледаме турска серија, па турска серија, па вести, па пак турска серија, па некој лиценциран купен  формат од странство и толку. 1ТВ од самиот почеток па до ден денеска е позната по тоа дека продуцира исклучително сопствена програма. Ние сме единствена телевизија во Македонија која има најдолго запалени рефлектори во студиото, поради тоа што ние имаме маратонско отворено студио од 14 часот до 23 часот, секој ден во живо. Имаме шест авторски емисии, имаме програма којашто сите телевизии да ги споите заедно ја немаат особено од аспект на авторските емисии.

Имаме стратегија според која треба да се допаднеме и да влеземе во сечиј дом и треба да ги задоволиме вкусовите од 3 до 103 години. Ќе работиме на тоа, треба работа, ништо не е преку ноќ. Ние сега влегуваме во оние посериозни рамки што се однесува до тој телевизиски пазар, медиумско функционирање во однос на сите мерни единици кои ни наложуваат и ни диктираат какви треба да бидеме во однос на програма, како сме во однос на другите телевизии и конкуренцијата. Но не сме ние за џабе број еден, не го носиме за џабе бројот еден и ќе се потрудиме да бидеме и број еден во тој пазар.

Целото интервју на ОВДЕ.