Богојески: Срам ме изеде од видеото на Мицко со Бојко, за пуста власт Мицко се би сторил, нема за него црвени линии!

0
1549

Мачнина ми падна кога видов како господин Мицкоски коленичи пред господин Борисов. Објаснува нешта и на начин, срам да те фати. Во ред е да имаме комуникација со сите странци, но не вакво понижување. Македонија треба да се претставува достоинствено и чесно. Со исправена глава. Со образ. Не е се до власта. За пуста власт, Христијан е подготвен, се да прифати. Не е се во таа пуста власт.

Пријателството помеѓу државите се гради со конкретни чекори. Не со меѓусебно подметнување. Иднината на Македонија е во европското семејство на држави. Тоа се постигнува со достоинство и работа, а не со лажен патриотизам.

Петар Богојески во изјава за Политика