Богојески: Не и се лутите на Тамара за Химната, туку не можете да и го простите успехот на Евровизија!

0
1283

Повеќе од сигурен сум, дека не и се лутите на Тамара за Химната, туку не можете да и го простите успехот на Евровизија!

Се може, ама да се прости успех на некој нашинец, НЕ МОЖЕ!!!

Тоа е така, кога сме нација со IQ на минимум, а ЕГО на максимум!

А знаете што е најтрагично?
Тоа што нашинците со понизок од IQ80, не се свесни за тоа! Имаат впечаток дека се најдобри… и најубави! 😞

Едно е нејасно… од каде таа креативност за погани зборови, навреди, клетви… а немаме креативност за основни позитивни работи?!?
Жално е колку сме погана нација!!!

*Исто правевте и со Тоше… и со Борис Трајковски… ги убивте плукање додека беа живи… откако погинаа сироти, се најдовте да ги жалите! Јзк!

**Тамара, ако сакаш да бидеш Тамара “национале”, има да си ја научиш Химната на својата Република, како што е редот!!!

ФБ статус на Петар Богојески