Богоев: Владините проекти голтнаа 100 студентски домови

0
997

bogg

За „Скопје 2014“, барокни фасади и слични ваши владини проекти потрошивте над 500 милиони евра. Со тие пари ќе направевте над 100 нови студентски домови. Оваа власт никако не се грижи за студентите кои се распаѓаат катадневно. Зошто ги лажевте и студентите и граѓаните, го праша пратеникот на СДСМ, Стефан Богоев, премиерот Никола Груевски.

Но, одговор даде заменик министерот за образование Спиро Ристовски. Тој рече дека неколку пати биле обновувани и реновирани студенските домови во земјава и имало низа инвестиции во тие објекти.