Богоевски и пред нашето Обвинителство ќе го повтори истото за „Маѓар телеком“ од сведочењето во Њјуорк

0
979

bogoevski

„Не сум сигурен во ништо!“, вели Богоевски по објавувањето на веста дека и македонското обвинителство по „јавно допрен глас“ повело постапка за случајот „Маѓар телеком“, објави Утрински весник.

„Не знам дали ќе бидам повикан да сведочам. Јас еднаш веќе сведочев и доколку повторно бидам повикан, можам само да останам на тоа што веќе сум го кажал. Има премногу докази кои се тука и кои му се на располагање на обвинителот“, вели Богоевски за „Утрински“ и додава дека сето ова можело да се случи многу порано.