Богоевски и Ахмети во понеделник се на суд

0
1166

Слободан Богоески најави дека в понеделник ќе има рочиште во 10.00 часот во Граѓанскиот суд, откако Али Ахмети и Муса Џафери му најаваија тужби за граѓанска одговорност, бидејќи Богоески во Њујоршкиот суд даде исказ дека актуелни и поранешни функционери во 2005 година им било исплатено мито за случајот „Маѓар Телеком“.

Меѓу актуелните тогашни функционери, Богоески јавно го спомена и поранешниот премиер Владо Бучковски, а тој го негираше исказот на поранешниот разузнувач.

Од Граѓанскиот суд за 24 Вести потврдуваат дека ќе има рочиште. Подготвителните рочишта, како што велат од Основниот Суд Скопје 2, се закажани за в понеделник. За едниото од 10.00 часот, додека за другиот предмет рочиштето е закажано половона час подоцна.

Од ДУИ без став за рочиштето.

За исказот, поради кој Ахмети и Џафери го тужат за клевета, Слободан Богоески вели дека ја дал во судска постапка за претставниците на американската Комисија за хартии од вредност и Њујоршкиот Суд. Богоески вчера рече дека имал налог за заштита и обврска за молчење, се додека не заврши постапката за случајот „Маѓар Телеком“.

Инаку, според сведочењето на пораншениот шеф на македонската тајна полиција, Али Ахмети и Муса Џафери примиле мито по 2,5 милиони евра од „Маѓар Телеком“. Со лажирани договори, како што тврдеше американската Комисија за хартии од вредност, тројцата високи извршни директори на Маѓар Телеком, оркестрирале, одобриле и извршиле план за поткуп на македонски функционери во 2005 и 2006 година.