Богдановиќ: Груевски, цвикаш, се плашиш од сопствената сенка!

0
1246

Саша Богдановиќ, претседател на ОО СДСМ Центар, реагира на објавата на премиерот Никола Груевски, кој одговарајќи им на амбасадорите на Твитер напиша дека народот на Република сам ќе одлучува за својата иднина, објави А1 он.

„Доаѓаат најтешките денови за Македонија. Човекот кој е најповикан да ја извади државата од криза, повторно го става народот пред себе. Народот нека страда, народот нека се кара само он да преживее.
Кој народ ќе одлучи???
Мртвите што ги ставаш на избирачки список??? Пустец и Голо брдо???
Уценуваните со инспекции??? Уценуваните со социјална помош???
Заради твоето растројство и страв од пораз на фер терен спремен си на коцка да ставиш се. Ама ти си кукавица. Човек што е лидер и има храброст, се соочува со противникот, се бори рамноправно и секогаш стои напред а не се крие зад добро платената војска. Ама ти цвикаш. Се плашиш од сопствената сенка веќе. Од тој страв ќе направиш глупости, глупости од кои некој од нас ќе настрада. Ама ако, ќе настрадаме ама ти ќе паднеш и Македонија пак слободно ќе живее!!!“, порача Богдановиќ на Твитер.