БЛИЗНАЦИТЕ СО БЕМКИТЕ СИ ГИ СМЕНИЈА МЕСТАТА ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА НАДВОРЕШНИ! Сепак Димитров за Поповски е дипломат од светска класа!

0
5344

Во Министерството за надворешни работи денеска беше остварена средба помеѓу новиот министер за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров и досегашниот Никола Попоски, и притоа, согласно вообичаената практика, беше извршено примопредавање на должноста министер за надворешни работи, информират од МНР.

Димитров на новата функција доаѓа од позицијата надворешен експерт при Меѓународниот центар за правна соработка, Хаг, Кралство Холандија.

Од 2014 до 2017 година е истакнат член на Хашкиот институт за глобална правда, Хаг, Холандија, од 2011 година до денес е член на Постојаниот суд за арбитража, Хаг, Кралство Холандија, од 2009 до 2014 година е вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Хаг, Кралство Холандија  и постојан претставник на Република Македонија при Организацијата за забрана на хемиско оружје. Од 2008 до 2011 година е Ко-застапник на Република Македонија пред Меѓународниот суд на правдата (Примена на Времената спогодба од 1995 година), од 2007 до 2008 бил специјален пратеник на Владата на Република Македонија за европски и евроатлантски интеграции во Брисел, Кралство Белгија, од 2006 до 2009 Национален координатор за интеграција на Република Македонија во НАТО. Димитров од 2003 до 2008 година беше специјален пратеник на Република Македонија во разговорите за надминување на разликата околу името со Република Грција под покровителство на Обединетите Нации, а од 2001 до 2006 година вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Вашингтон, САД.