БИРН: Во Македонија нема деца, сите се гласачи

0
1234

Доколку се споредат податоците од Избирачкиот список со податоците за бројот на населението од Државниот завод за статистика, произлегува еден апсурден податок дека во Македонија нема лица под 6-годишна возраст, пренесува Бирн.

Според Избирачкиот список, во Македонија има 1.804.644 гласачи, а според Државниот завод за статистика (податоци од средината на 2014 година), во земјава има 2.067.471 жители. Доколку се одземе повисоката бројка од помалата, треба да се добие податокот за бројот на малолетни граѓани, кои немаат право на глас. Така и се доаѓа до бројката од 262.827 малолетни лица во државава.

Но, оваа бројка не кореспондира со онаа на Државниот завод за статистика. Имено, ако се погледнат бројките за број на ученици во основното и средното образование, се доаѓа до податокот дека во земјава има 275.687 основци и средношколци, во учебната 2014/2015 година. Во оваа бројка не влегуваат децата кои не одат во училиште, односно имаат под 6 години.

Според ова, ако во земјава има 262 илјади малолетни лица, а 275 илјади се основци или средношколци (што само по себе е невозможно), произлегува дека во земјава нема дете што има под 6 или 7 години (зависно од тоа кога тргнало во училиште).

Од друга страна, податоците од статистика говорат дека во последниве шест години (2009 – 2014 година) биле родени вкупно 141.052 деца.

Анализата во целост прочитајте ја ОВДЕ