Биле среде океан кога водата ја променила бојата, а пред очите им настанала пустина

0
1441
Група морнари присуствувале на воодушевувачки момент на раѓање на остров среде океан, откако дошло до ерупција на подземен вулкан.

Екипажот на бродот „Маикен“ пловел по јужниот Пацифик во близина на островот Вава во Тонга кога забележал дека водата во далечината попримила чудна боја,. Во моментот додека се приближувале, морето мистериозно се претворило во карпа.

01-more-pustina

Набрзо, копнената маса излегла од океанот „како Сахара со разбранувани песочни дини до каде што досега погледот“, објаснил еден од членовите на екипажот, пишува Daily Mail.

Екипажот го забележал овој феномен со серија извонредни фотографии додека пловеле низ таа формација за да ја истражат. Не застанале на брегот, но во еден момент биле опколени од огромни камени сплавови.

03-more-pustina

„Погледнавме пред нас и како одеднаш морето да исчезна. Изгледаше како Сахара со непрегледни бранови од песок“, изјавил шведскиот морепловец Фредрик Франсон за магазинот “Discover”, присетувајќи се на настанот кој се случил уште во август 2006 година.

Но, она што во тој момент не го знаеле е дека само на неколку километри оттаму дошло до ерупција на подземен вулкан, чиј епилог бил настанокот на копното, пишува Daily Mail.

„Видовле столб од црн чад како се крева во небото и помисливме дека тоа сигурно е од вулкан. Внимателно ја продолживме пловидбата во таа насока. Изгледаше како еден куп на јаглен, а кога се случи ерупцијата видовме како нов материјал се искачува преку него“, рекол Франсон.

07-more-pustina

Потоа набљудувале како пред очи буквално им се создава остров со секоја нова експлозија во областа во која сигурно имало подводна планина.

Се смета дека подводните ерупции на вулкани се случуваат неколку десетици пати годишно, но најчесто во оддалечени области или на длабочини кои им се недостапни на луѓето.

Се смета дека ерупцијата имала трајно влијание врз животната средина со привлекување на фекалии, корали, алги и школки. Осум месеци од неговото настанување, брановите однеле дел од островот дури до Квинсленд во Австралија, на оддалеченост од околу 3.200 километри.